Украинските сили пред руската инвазија денеска ги пофали американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на украинскиот регион Чернигов, кој беше окупиран од Москва во 2022 година, на почетокот на војната.

Блинкен, кој од средата е во Украина, отишол и во подрумот на училиштето во градот Јахидне, каде руските војници во заробеништво држеле десетици жители, меѓу кои и деца, пренесува Гардијан.

„Ова е само една зграда… но ова е приказна што ја гледавме одново и одново. Но, гледаме и нешто друго што е неверојатно моќно… извонредната издржливост на украинскиот народ“, рече тој.

Набргу по почетокот на војната, руските сили окупираа делови од регионот Чернигов, вклучително и Јахидне. Тие се повлекоа по околу еден месец, а украинските сили повторно го зазедоа Јахидне на 30 март 2022 година. Руската армија ги напушти градовите, но земјата беше уништена и минирана.

Блинкен рече дека една третина од територијата на Украина сега е под мини или неексплодирани убојни средства.

„Украинците се здружуваат за да ја исчистат земјата од смртоносните експлозиви, да се ослободат од нагазните мини и буквално да ја вратат земјата“, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.