Украинците имаат план за „континуитет на владата на еден или друг начин“, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски биде убиен, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во денешното интервју за Си-Би-Ес.
Украинците имаат планови, за кои нема да зборувам или да навлегувам во какви било детали, за да се осигураат континуитет на владата на овој или оној начин, и толку ќе кажам на таа тема, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар, исто така, му даде комплимент на Зеленски за неговото „лидерство“ во оваа криза.
Лидерството што го покажа претседателот Зеленски, што го покажа целата влада е извонредно. Тие се олицетворение на овој неверојатно храбар украински народ, рече Блинкен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.