Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на крајот на онлајн конференцијата со лидерите на тихоокеанските островски држави, што се одржа во Фиџи, изјави дека САД гледаат алармантни знаци на влошување на ситуацијата на руско-украинска граница.
Блинкен додаде дека неговата земја е подготвена за дијалог со Русија, но само во контекст на деескалација на тензиите.
Продолжуваме да гледаме многу загрижувачки знаци на ескалација во близина на границите на Украина. Доколку Русија е навистина заинтересирана да ја реши оваа криза што ја создаде, ние сме подготвени да го сториме тоа преку дипломатија и дијалог, но тоа мора да се случи во контекст на деескалација, а досега од Москва видивме само ескалација – изјави Блинкен.
Американскиот прв дипломат уште еднаш истакна дека Вашингтон и неговите сојузници „брзо ќе воведат строги и големи санкции против Русија доколку таа ја нападне Украина“, што според него може да се случи „во секој момент“.
Блинкен изјави и дека планира да има телефонски разговор со својот руски колега, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.