Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска патува за Аргентина и Бразил на средби за зацврстување на односите со лидерите на тие две земји.

Тој исто така ќе учествува на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Г-20 што се одржува во Рио де Жанеиро.

Ова е прва посета на Блинкен на Бразил и Аргентина во својство на државен секретар на САД. Тој ќе се сретна со претседателот на Бразил Луис Игнасио Силва и со неодамна избраниот претседател на Аргентина Хавиер Милеи.

На Г-20 се очекува да дојде и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, така што има шанси за средба, една од ретките, меѓу него и Блинкен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.