Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ја повика Велика Британија „со добра волја“ да преговара со ЕУ за Cеверна Ирска, откако владата на Обединетото Кралство предложи кршење на трговските правила по Брегзит.

Блинкен ја повика британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, „да продолжи со разговорите со добра волја со ЕУ за да се постигне решение што ќе ги зачува придобивките од Договорот од Белфаст/Велики петок“, се вели во соопштението на Блинкен, потсетувајќи на договорот постигнат со посредство на САД од 1998 година, кој во голема мера донесе мир меѓу Британија и Cеверна Ирска.

ЕУ, претходно, ѝ се закани на Велика Британија со правна постапка откако владата на Обединетото Кралство претстави нацрт-закон со кој се предлага еднострана промена на трговскиот договор за Cеверна Ирска по Брегзит.

Заменик-претседателот на Европската комисија Марош Шефчович за новинарите во Брисел истакна дека ЕУ нема повторно да преговара за договорот за Брегзит и дека Брисел сега ќе размисли за продолжување на суспендираната „постапка за прекршување“ против Британија, како и отворање нови правни дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.