Денеска одекнаа експлозии во главното украинско пристаниште Одеса, еден ден откако Киев и Москва постигнаа договор во Истанбул за деблокирање на извозот на украински житарки.

Неколку експлозии ја погодија Одеса рано изутрината, а причината се уште не е позната, пренесе „Би-Би-Си“.

Локалниот пратеник Олексиј Хончаренко на Телеграм напиша дека во градот одекнале шест експлозии и дека пристаништето било во чад по нападот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.