Шефот на надворешнополитичката комисија од АфД во германскиот Бундестаг, Петр Бистрон, изјави дека Германија нема морална основа да го критикува прекршувањето на меѓународното право, бидејќи истото го направила и за прашањето за Косово.

Во изјавата за новинарите, Бистрон рече дека постои консензус на сите страни во Бундестагот дека тоа што го прави Русија е кршење на меѓународното право.

Ние од АфД сме на став дека некој може да биде критикуван за непочитување на правилата само ако самиот се придржува до правилата. Ние сме дел од Западот, кој аплаудираше или учествуваше во аплаузот, односно што продуцираше отцепување на Косово од една постоечка држава – Србија. Затоа ни недостасува морална основа да ја критикуваме Русија за истото прекршување, објасни Бистрон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.