Основачот на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс, на својот Твитер профил разговарал за ситуацијата со коронавирусот со професорот Деви Сридар.

Според него, постои можност секоја година да треба да се вакцинираме, но потенцира дека наскоро коронавирусот ќе се третира како сезонски грип.

Професорот Сридар од Универзитетот во Единбург му поставуваше прашања на Гејтс, а прашањата беа главно за омикрон.

Бил Гејтс наведува дека омикронот е голем предизвик за сите здравствени системи ширум светот и нагласува дека најтешките случаи на инфекција со омикрон ќе бидат кај лицата кои не биле вакцинирани.

Гејтс додава дека омикрон ќе создаде добар имунитет, барем за следната година, и дека е малку веројатно да се појави позаразен вид на коронавирус.

Бил Гејст се осврна и на актуелните проблеми со вакцинацијата против коронавирусот и рече дека вакцината ги спречува тешките последици предизвикани од корона, па дури и смрт.

Тој нагласува дека има две важни работи на кои треба да се работи.

– Она што сега се случува е дека и вакцинираните луѓе се заразени со нови и посилни варијанти на коронавирусот што се појавуваат. Вакцините кои допрва треба да се развиваат треба да спречат инфекција и да обезбедат долгорочен имунитет – напиша Гејтс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.