Бил Гејтс е страствен љубител на книгата. Тој вели дека бројот на книги што ги прочитал надминува неколку илјади.

Колку читањето книги го смета како важен фактор за постигнување успех и напредок зборува и фактот дека тоа е услов за секој работник во неговата компанија, да прочита три книги за кои Гејтс смета дека се ненадминливи дела.

Според него, во овие книги ќе ја најдете мотивацијата и волјата да продолжите напред. Вашите поглед на светот ќе се променат од корен.

Ако Бил Гејтс ги препорача, веруваме дека навистина вреди да се одвои време за нив.

Со години велам дека книгата „Подобри ангели на нашата природа“ од Стивен Пинкер е најдобрата книга што ја прочитав во последните десет години. Ова парче го препорачувам на сите. Пинкер користи широко истражување за да потврди дека живееме во најмирољубиво време во човечката историја. Никогаш не сум видел толку јасно да објаснувања за напредокот, вели Гејтс.

Книгата „Факти: 10 причини кои објаснуваат дека имаме лоши погледи на светот – работите се многу подобри отколку што мислите“, од Андреа Ханс Рослинг е неговиот втор избор.

Оваа книга нуди радикално различно објаснување за глобалните трендови и десетте нагони што ја менуваат нашата перспектива.

Ја препорачувам оваа книга од денот кога беше објавена. Ханс ни дава радикално различно основно разбирање на вистината за светот, како животот генерално се менува на подобро и што треба да се подобри. Авторот, исто така, презентира незаборавни анегдоти од неговиот живот. Тој е еден брилијантен човек и ова е една од најдобрите книги што некогаш сум ги прочитал“, вели Гејтс.

„Сè се случува со причина“, Кејт Баулер е неговиот трет избор.

Кога на авторот на оваа книга ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во фаза четири, таа се обидела да открие што довело до тоа.

Резултатот е срцепаречки, но изненадувачки забавни мемоари на вера и помирување со сопствената смртност“, објаснува Гејтс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.