Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, изјави дека е „длабоко разочаран и тажен од однесувањето“ на рускиот претседател Владимир Путин, со кого некогаш бил близок, но сега има „многу сериозна одговорност пред светот“ поради војната во Украина.

Берлускони (85), кој трипати беше премиер помеѓу 1994 и 2011 година, истакна дека го познавал Путин пред 20 години и дека се однесувал како „демократ и човек на мирот“.

Додека беше на власт, Берлускони одржуваше пријателски врски со рускиот претседател, дури и го покани на одмор во неговата луксузна вила на Сардинија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.