Германската влада го повторува своето барање за повлекување на руските војници од границите на Украина, непосредно пред да почнат разговорите меѓу канцеларот Олаф Шолц и рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА.

Одговорноста за деескалацијата јасно е дека е на Русија, рече утринава шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок.

Судбината на цела земја и нејзиното население во моментов е загрозена поради трупањето руски војници. Ситуацијата е крајно опасна и може да ескалира во секој момент – предупреди таа, пренесена од германската агенција.

Бербок истакна дека Западот мора јасно да стави до знаење „со сета своја доследност“ дека обединето стои зад мирна и безбедна Европа.

Германскиот канцелар и рускиот претседател попладнево треба да се сретнат во Москва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.