Бројот на украински дипломати во Белорусија ќе се намали на пет, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.
Оттаму забележуваат дека останатите дипломати ќе мора да ја напуштат територијата на Белорусија во рок од 72 часа.
Веста денеска ја соопшти прес-секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, пренесе агенцијата Белта.
Претходно денеска Полска одлучи да протера 45 руски дипломати, кои се обвинети за шпионажа и добија рок од пет дена да ја напуштат државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.