Претставници на САД и НАТО веруваат дека Белорусија би можела наскоро“да и се придружи на Русија во нападот врз Украина и дека земјата веќе презема чекори за тоа.

Сè поверојатно е дека Белорусија ќе влезе во конфликтот, изјави воен претставник на НАТО за американската телевизиска мрежа.

– На рускиот претседател Владимир Путин му е потребна поддршка. Сè што би помогнало – објасни функционерот.

Извор од белоруската опозиција изјави дека белоруските борбени единици се подготвени да влезат во Украина во следните неколку дена, со илјадници сили подготвени за распоредување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.