Белоруското разузнавање открило група платеници во близината на државната граница со Украина, изјави во четвртокот белорускиот претседател Александр Лукашенко на средбата со првите луѓе на министерството за одбрана.
„Секогаш стрвувавме од присуството на платеници во соседните држави, особено во Украина. Нашите разузнавачи, покрај уште неколку други извори, открија групи платеници кои не ја минуваат границата со Белорусија туку се движат паралелно со белоруско-украинската граница во правецот на (нуклеарната централа) Чернобил“, го цитира Лукашенко белоруската новинска агенција БелТА.
Лукашенко порачал дека украинските граничари практично не ја заштитуваат границата со Белорусија, па затоа белоруските сили треба да ја зајакнат заштитата на овој дел од државните граници.
„Според сознанија, граничарите од страна на Украина ја напуштаат границата и практично неа ја обезбедуваат во моментов само белоруските граничари. Затоа задачата на граничарите и разузнавањето е да се дознае што точно се случува на територијата на соседната земја, особено во однос на платениците. Во прв ред не смее да им се дозволи на тие луѓе да ја нарушат државната граница. Разбирате за какви луѓе станува збор“, рекол Лукашенко.
Во врска со тоа им наложил на руските безбедносни сили „паралелно да се движат“ со платниците.
„Тие таму се движат во помали групи, што ја комплицира ситуацијата. Сепак, вие мора да ги следите додека се движат, без да ја нарушувате границата со Украина да ги контролирате нивните придвижувања“, рекол Лукашенко и барал да му биде пријавено и „најмалото движење на платениците“.
Лукашенко, исто така, на белоруското министерство за одбрана му поставил задача да спречат евентуални обиди на непријателот да ја нападне руската војска од зад грб и да се обиде да ги пресече линиите за логистика на руските единици во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.