Во Фламанскиот регион во Белгија е предложено намалување на возраста за гласање на 16 години на локалните избори, јавува Анадолија.
Предлогот доставен до Регионалниот совет од страна на Социјалистичката партија на Вооруит се планира да биде разгледан во наредните недели.
Се очекува одлуката за овој предлог да биде донесена пред летото, со цел навремена подготовка за локалните избори кои ќе се одржат во октомври 2024 година.
Десничарската партија Н-ВА е против предлогот на социјалистите.
Возрасната граница за гласање на изборите за Европскиот парламент во Белгија минатата година беше намалена на 16 години. Шеснаесетгодишниците ќе можат да гласаат на изборите за Европскиот парламент во 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.