Канцеларијата за статистика на Белгија предвидува дека инфлација во октомври ќе биде повисока од стапката во септември, што достигна рекордна стапка во изминатите 50 години, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во септември инфлацијата во Белгија достигна 11,27 отсто, највисока стапка во изминатите 50 години. Додека за октомври се прогнозира дека ќе се искачи до 11,85 отсто.

Се очекува надминување на рекордната стапка и во декември и следниот март.

Во меѓувреме белгискиот премиер, Александер Де Кро, изјави дека „сите ќе мораат да вложат напор“ за справување со кризата и дека властите не можат“ стопроцентно да ги надоместат зголемените сметките на граѓаните.

Премиерот ова го изјави пред група студенти во Универзитет во Гент, каде беше пречекан со пароли и протести.

Во текот на ноември се очекува и генерален штрајк организиран од синдикатите во Белгија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.