Снимка од руски воз што носи нуклеарна опрема кон украинското бојно поле дополнително ги поттикна стравувањата дека Владимир Путин може да тестира нуклеарно оружје, јавуваат медиумите.

Видеото е објавено на каналот Rybar, а според написите снимена е во централна Русија.

Воениот аналитичар Конрад Музика рече дека 12-тата главна управа е одговорна за руското нуклеарно оружје, неговото складирање, одржување и издавање на единиците, пишува „Скај њуз“.

Музика смета дека оклопните возила ќе се користат исклучиво за заштита на нуклеарните единици и дека објавувањето на видеото веројатно е некакво предупредување за Западот. Видеото, како што се наведува, се појави кога беше објавено дека Русија ќе го тестира своето таканаречено оружје на апокалипсата, односно нуклеарното торпедо „Посејдон“.

Торпедото е на подморницата „К-329 Белгород“, која плови кон Арктикот, каде што, според весникот „Ла Република“, руската војска има намера да го тестира.

Музика вели дека транспортот на воена опрема што им припаѓа на единиците со нуклеарно оружје не мора да значи дека Русија се подготвува да распореди нуклеарно оружје во Украина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.