Министерката за одбрана на Белгија, Лудивајн Дедондер, соопшти дека земјата ќе испрати неколку борбени авиони Ф-16 на Украина во 2025 година.
Како што пренесуваат локалните медиуми, Дедондер прецизира дека тоа ќе биде можно откако ќе почнат првите испораки на поновите борбени авиони Ф-35 за белгиските воздухопловни сили, што се очекуваат на крајот на годината.
Планирано е и Белгија да се вклучи во обуката на украинските борбени пилоти.
Претходно, белгиските политичари и војската влегоа во отворен спор околу тоа дали да и дадат борбени авиони на Украина. Некои тврдат дека тоа не е можно бидејќи белгиските ловци биле премногу стари и затоа би биле опасни за украинските пилоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.