Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе обезбеди 13,5 милијарди долари за домаќинствата со ниски приходи како помош за трошоците за греење во текот на претстојната зима, соопшти денеска Белата куќа.
Како дел од иницијативата, американското Министерство за здравство и човечки услуги обезбедува 4,5 милијарди долари финансирање за Програмата за енергетска помош на домаќинствата со ниски приходи (LIHEAP), се наведува во соопштението.
Новата финансиска помош ќе им помогне на Американците со сметките за греење, неплатените сметки за режиски услуги и поправките на домашните апарати, за да им се помогне во намалувањето на трошоците за енергија, соопшти Белата куќа.
Овие чекори ќе обезбедат дополнителна поддршка за семејствата со ниски и средни приходи и ќе ги надополнат даночните олеснувања што семејствата и сопствениците на згради можат да ги користат според Законот за намалување на инфлацијата за да инсталираат опрема за заштеда на енергија и да ги надградат зградите“, се додава во соопштението на белата куќа.
Американското Министерство за енергетика одделно ќе одвои девет милијарди долари од Законот за намалување на инфлацијата за да им помогне на 1,6 милиони домаќинства да ги надградат своите домови и да ги направат енергетски ефикасни со што ќе се намалат и сметките за енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.