Белата куќа денеска соопшти дека е „длабоко загрижена“ поради израелскиот воздушен напад врз училиште во градот Газа во кој загинаа околу 100 луѓе.
Во соопштението, Белата куќа изразува загриженост поради бројот на палестински цивили кои умираат во Појасот Газа и додаде дека американските власти се во контакт со нивните израелски колеги.
Израелските власти соопштија дека цел на нападот биле борците на Хамас, а Белата куќа побарала повеќе детали од Тел Авив за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.