САД и сојузниците во НАТО прават планови во случај Русија да нападне некоја територија на Алијансата.

Зборувајќи за военото снабдување на Украина од Запад, американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, истакна дека ги разгледуваат можностите во случај Русија да одлучи да нападне територија на НАТО токму поради тоа што Украина се вооружува оттаму или поради кој било друг контекст.

Саливан нагласи дека, во случај Русија да нападне, американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да одговори одлучно, заедно со другите членки на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.