Додека во многу од државите во Европа месечната плата од 4.000 евра би се сметала за одличен финански прилив, во Швајцарија тоа би значело живот на раб на сиромаштија. Растот на износот на киријата, недостаток на станбени единици, поскапување на здравственото осигурување прават тоа да е случај во оваа држава.

Даниел Лаупер од хуманитарната организација „Каритас“ алармира дека за многу од луѓето ситуацијата станала несигурна како последица на пандемијата на корона вирусот.

Во Швајцарија вообичаено не зборуваме за парите или за тоа дека немаме пари. Ми застанува кнедла во грлото кога ќе помислам на многуте семејства кои се на раб на сиромаштија. Тој број е немерлив“, изјавил Лаупер.

Речиси 750.000 луѓе се погодени од сиромаштијата

Лаупер укажува дека многу од семејствата се во тешка ситуација и стравува дека последицата би била создавање фрустрирачки семејства кои не добиваат помош.

Според него, се очекува уште повеќе луѓе да бараат помош поради растот на здравственото осигурување, а истото треба да се случи наредната година.

„Очајничка потреба за реформи“

Министерот за здравство во заминување, Алаин Берст, најави поскапување на здравственото осигурување.

Имам лоши вести за домаќинствата кои веќе се погодени од инфлацијата. Трошоците за здравственото осигурување во текот на 2024 година ќе се зголемат на 8,7 отсто“, изјави Берсет.

Весникот „Neue Zurcher Zeitung“ објави дека тоа поскапување за семејства со две деца годишно ќе изнесува 1.000 евра. Постои можност и од поднесување на барање за намалување на премијата на здравственото осигурување.

„Недостаток на солидарност“

Сите политичари зборуваат за растот на премијата на здравственото осигурување. Поединци се повикуваат на системот во којшто здравството го финансира Владата, а што би можело да ги оневозможи даноците.

Лице кое работи во менаџмент плаќа иста премија на здравствено осигурување како и градежниот работник. Ова го покажува недостатокот на солидарност“, порачуваат од партијата на Зелените.

Инфлација и кирија

Инфлацијата во Швајцарија е пониска за разлика од поголем дел од останатите европски држави, но за условите на таа земја е висока.

Кириите континуирано растат. Директорот на Сојузните канцеларии за станбени прашања очекуваат кириите до 2026 година да бидат повисоки за 15 отсто. Ова, како и малиот број на слободни работни места и зголемувањето на жителите на девет милиони претставуваат оптоварување на буџетот на граѓаните.

Инфлацијата на почеток на годината изнесувала 3,4 отсто, додека во август изнесувала 1,6 отсто. Домашните производи се поскапи за 2,2 отсто во однос на минатата година…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.