Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе и се приклучат на Германија во воведување санкции за проектот за гасоводот за природен гас „Северен тек 2“ како дел од санкциите против Москва.

И наредив на мојата администрација да воведе санкции за „Северен тек 2“ и неговите корпоративни службеници – изјави Бајден.

Мерката, насочена кон една од најголемите геостратешки енергетски иницијативи на Русија, доаѓа откако Германија вчера објави дека го стопира проектот.

Овој потег означува значајна промена во политиката на американската администрација кон „Северен тек 2“, која претходно вклучуваше санкционирање на некои од помалите субјекти вклучени во проектот, вклучително и некои руски компании и бродови кои помогнаа во изградбата, но се воздржуваа од санкционирање на „Северен тек 2“ и неговиот извршниот директор Матијас Варниг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.