Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе се врати во Вашингтон за да разговара со неговиот тим за национална безбедност, еден ден откако рече дека очекува ирански напад врз Израел.

Бајден рано го прекина своето патување во Делавер, каде што требаше да престојува викендов, соопшти денеска Белата куќа, за да разговара за настаните на Блискиот Исток.

Техеран вети дека ќе се одмазди за израелскиот напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск минатата недела, во кој беше убиен висок командант на прекуморските сили Кудс на Иранската револуционерна гарда и шест други офицери.

Бајден вчера го предупреди Иран да не се одмаздува иако рече дека напад може да биде неизбежен.

– Ние сме посветени на одбраната на Израел и ќе го поддржиме. Ќе помогнеме во одбраната на Израел и Иран нема да успее, рече Бајден



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.