„По ѓаволите, овој човек не смее да остане на власт“.
Вака изјави американскиот претседател Џо Бајден во говорот што го одржа во Полска во саботата, мислејќи на Владимир Путин, а потоа Белата куќа мораше да ја повлече изјавата и да објаснува дека Бајден не мислел така, туку дека. Експертите велат дека „пеглањето“ на зборовите на Бајден нема да биде доволно за да се смири ситуацијата, јавува Јутарни.
President Biden ends his speech in Poland calling for Putin's removal:
"For God's sake, this man cannot remain in power." pic.twitter.com/nIcs3izzOA
— CBS News (@CBSNews) March 26, 2022
Белата куќа брзо реагираше, велејќи дека Бајден не повикал на „промена на режимот“ во Русија, туку дека поентата е да се укаже дека Путин не смее да покажува моќ над своите соседи. „Не, Америка во никој случај не бара промена на режимот во Москва, Бајден се збуни“, соопштија од администрацијата.
Тешко е да се знае што точно мислел Бајден за време на говорот, но она што е сигурно е дека тој во половина час го одржа својот најсилен говор досега, но и оној кој ќе остави најмногу последици, пишува британски Телеграф во анализата.
Вчера во Варшава, Бајден потсети и на „ужасот што Европа го доживеа во не толку далечното минато“ и се заколна дека континентот нема да се врати во најмрачните денови и покрај војната што беснее во Украина. Следеше аплауз од публиката во која беа Полјаците и Украинците.
Ова не беше прв пат 79-годишниот американски лидер да зборува надвор од говорот што му бил подготвен, тој неколку пати беше поправан од своите службеници. Кога Бајден пред американските војници во Полска рече дека наскоро „ќе го посведочат хоророт“ од војната во соседната земја, официјалните лица мораа да дообјаснат дека војниците нема физички да одат да војуваат во Украина.
Еден од неодамнешните такви „гафови“ на Бајден беше дека САД ќе одговорат на ист начин доколку Русите нападнат со хемиско оружје, на што администрацијата брзо потоа појасни дека Америка нема да користи хемиско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.