Американскиот претседател Џо Бајден разговарал со своите колеги од Египет и Катар пред патувањето на директорот на ЦИА, што треба да резултира со договор за ослободување на уште заложници кои ги држеше Хамас, во замена за пауза во борбата против Израел во Појасот Газа.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, изјави дека Бајден разговарал со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и со владејачкиот емир на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. Тој додаде дека разговорите иако биле конструктивни, „не треба да се очекува некаков итен развој“.
Продолжуваме да правиме се што можеме за да олесниме уште еден договор за заложниците, исто како што направивме во ноември“, додаде Кирби.
Директорот на ЦИА, Бил Бернс наскоро во Европа треба да се сретне со шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барни, со катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и со шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел, пренесуваат странските агенции.
Состанокот ќе биде за ослободување на заложниците во замена за пауза во непријателствата. Администрацијата на Бајден се надева дека договорот може да доведе до продолжен прекин на огнот што на крајот може да доведе до завршување на конфликтот, вели еден американски функционер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.