Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Русија не треба да успее во своите акции за време на војната во Украина.

Потрошивме многу пари за да им помогнеме на Украинците. Но тоа е нешто многу повеќе од Украинците – се работи за НАТО, Западна Европа. Се работи за тоа да се осигура дека Путин не може да оствари успех, рече Бајден во интервју за „Ем-ен-ес-би-си“.

Американскиот претседател најави дека има намера да се кандидира за следните претседателски избори во 2024 година, но дека се уште не донел официјална одлука по тоа прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.