Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека не знае дали објавената одлука на Врховниот суд за абортусот е точна или, пак, дали ја одразува конечната одлука, но потврди дека неговата администрација ќе биде подготвена да одговори кога ќе биде донесена одлуката со цел да се заштитат правата за абортус.
Верувам дека правото на жените на избор е основно право – наведува Бајден во писмена изјава.
Првичната, неофицијална одлука која излезе во јавноста сугерира дека Врховниот суд на САД ќе гласа за поништување на одлуката донесена во случајот „Ро против Вејд“, со кој во 1973 година се легализираше абортусот ширум САД.
Одлуката не е потврдена, но доколку е точна, тоа би било преседан предлог-одлука на Врховниот суд да биде јавно објавена пред да биде официјално објавена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.