Претседателот на САД Џо Бајден на предизборен митинг денеска во Питсбург, Пенсилванија, ќе повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум повикувајќи се на „нечесната конкуренција“ а со цел да ги придобие гласовите на работничката класа.

 

 

Повикот на Бајден следи откако канцеларијата на Трговскиот претставник на САД објави дека почнува истрага околу трговските практики на Кина во бродоизградбата, морскиот превоз и логистичкиот сектор, а во одговор на неодамнешна петиција на американските синдикати, посебно на Сојузот на челичарите.

 

 

-Кинеската политика за субвенции во домашната индустрија за челик и алуминиум значи дека на квалитетната американска продукција се прави дампинг со вештачко намалени цени слични на кинеските производи произведени со повеќе испуштени издувни гасови во атмосферата, се вели во денешната изјава на Белата куќа.

Претставник оттаму изјави дека Кина произведува околу половина од челикот во светот и го извезува металот со значајно пониски цени од американскиот челик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.