Американскиот претседател Џо Бајден пред новинарите во Белата куќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин станал „непосакуван“ ширум светот, но тешко е да се каже дали е ослабен од неодамнешните настани во кои беше вмешан основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Бајден кажа дека Путин очигледно ја губи војната во Украина и „ја губи војната дома и станал некако непопуларен ширум светот“.
Американскиот претседател пред два дека изјави дека САД и НАТО не биле вклучени во случувањата со групата „Вагнер“ во Русија.
Во својата прва реакција, Бајден само кажа дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе имаат случувањата врз војната во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.