Американскиот претседател Џо Бајден, повторно предизвика реакции во врсна со неговата здравствена состојба, откако падна како покосен на сцената во текот на церемонија на дипломирањето на кадетите на Академијата на воздухопловните сили на САД во сојузната држава Колорадо.

Од снимката на настанот кој беше пренесуван директно на повеќе официјални мрежни страници, се чини дека претседателот Бајден налетува на некаква кутија којашто му се испречува на патот и паѓа. Првиот обид за самостојно исправање на нозе е неуспешен, но обезбедувањето реагира навремено за да му помогне на претседателот брзо да стане.

Инцидентот се случил во текот на церемонијата на дипломирањето на кадетите на воздухопловната академија во Колорадо, каде што 80-годишниот Бајден допатувал претходниот ден. Засега нема информации за евентуални повреди на американскиот претседател..

Ланскиот ноември Бајден напони 80 години и стана најстариот американски претседател на должност во историјата. Неговите чести гафови, дезориентираност во просторот, говорните лапсуси и замени на должности и географски локации често предизвикуваат реакции кај неговите опоненти кои ја доведуваат во прашање неговата когнитивна состојба. Особенo по најавите дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.