Американскиот претседател, Џо Бајден, одобрил 200 милиони долари за набавка оружје и друга помош за Украина, соопштија од Белата куќа.
Во меморандум на државнит секретар, Ентони Блинкен, се наведува дека Бајден наложил средствата да бидат доделени преку закон за надворешна помош и наменска одбрана на Украина, наведува „Ројтерс“.
Новите средства може да се користат за оружје, одбранбени средства од Министерството за одбрана, како и за воено образование и обука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.