Американскиот претседател Џо Бајден најави нова помош за поддршка на воените напори на Украина вредна нешто помалку од три милијарди долари.

Нарекувајќи ја „најголема транша безбедносна помош досега“, Белата куќа соопшти дека ќе обезбеди оружје и опрема во вредност од 2,98 милијарди долари.

Ова ќе и овозможи на Украина да се здобие со системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи и муниција, противбеспилотни воздушни системи и радари за да се осигура дека може да продолжи да се брани долгорочно – се вели во соопштението.

Од Белата куќа додадоа дека објавата е темпирана да се совпадне со Денот на независноста на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.