Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, по нејзината смрт завчера.
Да. Се уште не ги знам деталите, но ќе одам, им кажа Бајден на новинарите за време на патувањето за Охајо.
Датумот и деталите за погребот на кралицата не се утврдени, но ќе бидат објавени „во догледно време“, според Бакингемската палата. Погребот се очекува да се одржи во следните 10 дена во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон.
Бајден ја познава кралицата три децении и се сретна со неа три пати, последен пат во јуни 2021 година, кога таа им беше домаќин нему и на првата дама во замокот Виндзор за време на нивната посета на Велика Британија за да присуствуваат на самитот на лидерите на Групата седум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.