Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе води кампања за демократската кандидатка Камала Харис во Пенсилванија, клучна држава на претстојните претседателски избори во ноември.
Бајден ова го изјави во интервју за Си-Би-Ес, што е негово прво интервју откако на крајот на јули објави дека ќе се повлече од претседателската трка.
Харис води пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп за четири процентни поени во Пенсилванија и во две други клучни сојузни држави, Висконсин и Мичиген, според анкетите на Њујорк Тајмс и Колеџот Сиена објавени вчера.
На прашањето дали ќе води кампања за Харис, Бајден одговори потврдно.
Бајден рече дека тој и гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро работат на предизборна турнеја во Пенсилванија.
„Ќе направам кампања и во други држави и ќе направам се што Камала мисли дека можам да направам за да помогнам најмногу“, рече американскиот претседател.
Минатата недела Харис објави дека гувернерот на Минесота Тим Валц ќе биде кандидат за потпретседател.
„Тој е мој тип на момче, тој е реален, паметен е, го познавам неколку децении. Мислам дека тоа е фантастичен тим“, рече Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.