Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи вонредните мерки за Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа.

Секое лице, граѓанин или политичар, кој го спречува или пак претставува закана за спроведување на Преспанскиот договор или за Охридскиот рамковен договор ќе се најде на црната листа на САД, ќе му биде забранет влезот во САД и ќе му биде замрзнат имотот. Ова го предвидува Извршниот декрет на Бајден 13219.

Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и за надворешната политика на САД, се вели во соопштението Белата куќа.

Затоа, додава Бајден, неопходно е да се продолжат вонредните мерки прогласени со Извршниот декрет кога станува збор за Западен Балкан, кој предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот, пренесувааат повеќе српски медиуми.

Указот еднаш веќе е продолжен во 2021 година и може да биде продолжен доколку претседателот ја објави одлуката во Федералниот регистар и поднесе известување до Конгресот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.