Американскиот претседател Џо Бајден, кој во ноември ќе наполни 80 години, изјави дека има намера да се кандидира за втор мандат во 2024 година, но се уште не донел конечна одлука.

Прашан за ова прашање во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си, демократот рече дека во моментот не одлучил бидејќи доколку објави, ќе има цела низа барања и „ќе треба да се однесува како кандидат“.

Бајден истакна дека сопругата Џил ја поддржува неговата желба за кандидатура за реизбор за претседател.

Бајден е најстариот претседател некогаш избран во САД. На почетокот од евентуалниот втор мандат ќе има 82 години, а на крајот би имал 86.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.