Американскиот претседател Џо Бајден, за време на говорот во Белата куќа предупреди дека повлекувањето на американската поддршка за Украина може да доведе до руска победа со можно ширење на кризата во балканските земји.
Во веројатно досега најдраматично предвидување за европскиот континент, Бајден посочи дека евентуална победа на Русија во Украина ќе има последици и за балканските земји и за поширокиот регион.
Ако ние заминеме, A Русија успее да ги одржи своите напади и ја урне Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји? Што ќе се случи од Полска до Унгарија? Јас сериозно размислувам околу тоа. Тоа ја менува динамиката, изјави Џо Бајден.
Бајден пораката ја упати во период кога помошта за Украина е со месеци блокирана во Конгресот. Во октомври тој побара дополнителна воена помош од 60 милијарди долари, но Републиканците одбиваат да ја одобрат без договор со демократите за зајакнување на безбедноста долж границата меѓу САД и Мексико. Без дополнителна американска помош, проценуваат западните власти, Украина прво би останала без ракети со долг дострел, потоа без ракети за противвоздушна одбрана, а подоцна и без артилериска муниција и ракети со краток дострел.
Пред три месеци украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на можно ширење на безбедносната криза и на Балканот, потенцирајќи дека светот треба да посвети поголемо внимание на ситуацијата на Балканот, оти има информации дека Русија планира да започне војна за да го оттргне вниманието од Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.