Подржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган почнаа да ја слават победата на претседателските избори.

„Да даде Господ, ќе бидам достоен за вашата доверба како што бев во изминатите 21 година. Заедно сме до гроб. Пред изборите реков дека оваа љубов не завршува тука. Бај, бај Кемал“, рече Ердоган.

Тој кажа дека победата „ја отворила вратата за новиот турски век“.

Главната опозиција ќе го смета мојот ривал одговорен за лошиот резултат. Победникот на изборите и на 14 и на 28 мај се сите 85 милиони граѓани. Упатувам благодарност до секој поединец од нашиот народ кој со својот избор уште еднаш ни ја даде одговорноста за раководење со земјата во наредните пет години

Со нешто над 98 проценти обработени гласачки кутии актуелниот Ердоган води пред противкандидатот опозицискиот лидер Кемал Киличдароглу со 52.12 наспроти 47.88 проценти од гласовите.

Според новинската агенција Анадолу за Ердоган гласале 26.891.260 гласачи, додека за Киличдароглу 24.706.361.

На вториот круг од претседателските избори повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.