Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, изјави дека најверојатното сценарио за руски напад врз Украина не е целосна инвазија, туку „операција под лажно знаме“ или државен удар.

Инвазијата не е целосно невозможна, но не сум сигурна дека тоа е навистина најверојатното сценарио – истакна Баербок во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција.

Таа ги наведе како најреално сценарио за рускиот напад врз Украина операцијата „лажно знаме“, државен удар, кибер напад или онеспособување на украинската витална инфраструктура.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера изјави дека постојат стравувања оти Русија може да исценира причина за воен напад врз Украина и дека НАТО има информации за присуство на голем број руски разузнавачи во регион Донбас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.