Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, оцени дека Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска.

Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија, изјави Баербок по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.

Таа додаде дека разузнавачки информации покажуваат ракетите биле истрелани од украинската воздушна одбрана.

Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО, истакна Баербок.

Врз полското село Пржеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, паднаа две ракети при што загинаа две лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.