Најмалку 21 лице е повредено денеска во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел по падина и завршил во поток.

Во автобусот се превезувале 40 деца од основно училиште.

Возачот и сопатникот се најтешко повредени, а 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјавил Фабијен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.

Децата се добро, изјавил тој за „АП“.

Регионалниот обвинител покренал истрага, а градоначалникот рекол дека најверојатното сценарио е дека возачот имал некаков медицински проблем додека бил зад воланот.

Локалните власти за француските медиуми велат дека при слетувањето на автобусот временските услови биле добри, а на местото на несреќата немало снег или мраз.

 




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.