Австрија планира да ги продолжи проверките на своите граници со Унгарија и Словенија за уште шест месеци, почнувајќи од 11 мај, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер, цитиран од АПА.

Во следните неколку дена ќе ја информираме Европската комисија дека ќе мора да продолжиме со овие гранични проверки, изјави министерот за австриското јавно радио.

Карнер објасни дека примената на шенгенските правила за слободно движење по овие граници мора да остане суспендирана за потребите на борбата против илегалната миграција.

Минатата година имаше неверојатно силен миграциски притисок, посочи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.