Австриското министерство за енергетика официјално објави препораки до граѓаните како да заштедат енергија.
Руската агресија на Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За тоа да се промени, потребно е, од една страна да ги прошириме изворите на обновлива енергија, а истовремено и секој да го даде својот придонес во штедење на енергија. Само мали промени во секојдневието може да донесат големи разлики и да се помогне во штедењето – велат од Министерството.
Една од препорачаните мерки за штедење енергија е граѓаните да се тушираат, а не да се капат
За полна када потребно е 80 до 150 литри топла вода, а со туширање се троши само 20 до 50 литри. Со тоа, туширањето штеди многу енергија – наведуваат од Министерството.
Истовремено, се препорачува електронските уреди да се исклучуваат односно да не бидат оставени на стендбај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.