Виена засега се согласи со австриската компанија за нафта и гас ОМВ да ги плати испораките на руски гас во рубли со отворање сметка во руска банка. Ова го соопшти австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Според новата руска шема, купувачите од земјите што Москва ги идентификува како непријателски ќе ги префрлат своите средства за купување во странска валута на Газпромбанк, која ќе им купува рубли на берзите и ќе им ги префрли на увозниците на посебни сметки во рубли, од кои ќе се врши плаќањето на испораките.

Австрискиот министер за енергетика Леонере Гевеслер изјави дека без руски гас земјата не може да ги наполни своите складишта во текот на годината.

Австрија сега е 80 отсто зависна од рускиот гас. Според Гевеслер, треба да се бараат алтернативни добавувачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.