Во Австрија денеска стапи на сила новата стратегија за тестирање против коронавирус, која предвидува пет бесплатни ПЦР и антигенски тестови за граѓаните, наместо досегашните неограничени можности за тестирање на трошок на државата.

Според уредбата на австриското министерство за здравство, секој има право на пет антигенски и пет ПЦР тестови на трошок на државата месечно. Во текот на април овозможено е користење и на дополнителните пет „постари“ тестови кои им беа оставени на граѓаните. Покрај тоа, постојат различни групи за кои бесплатното тестирање остана неограничено, а тоа е за персонал, но и за штитеници во згрижување и установи за лица со посебни потреби, болници, бегалски установи, но и во сместување за бездомници и градинки.

Исто така, луѓето со симптоми сепак ќе бидат бесплатно тестирани за коронавирус. Како ќе се спроведе новата стратегија за тестирање останува одговорност на провинциите. Повеќето провинции се држат до мешан систем на „домашни тестови“ и тестови во аптеките. Провинцијата Штаерска, на пример, во иднина ќе дозволува тестирање само во аптеките.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.