Откако Австрија воведе задолжителна вакцинација, често беше прашањето што ќе се случува со доселениците кои се вакцинирале во матичните земји со кинеска или руска вакцина.

ЕУ, соодветно на насоките на ЕМА, ги признава вакцините Фајзер, Астра Зенека, Модерна, Џонсон, а за останатите остава на членките самите да одлучат дали ќе ги признаат. Така, во голем дел од земјите на ЕУ можете да патувате и ако сте вакцинирани со Синофарм или Синовак, а во одредени и со Спутник В.

Соодветно на новата уредба, Австрија одлучи да ги признае кинеските вакцини, но не и Спутник В.

Полицијата од 16 март ќе врши контроли и ќе поднесува пријави при секоја операција, а казните ќе бидат и до 600 евра за „поедноставената постапка“, а во случај на поплака или неплаќање може да се искачат и до 3.600 евра.

Задолжителна вакцинација се однесува на сите полнолетни граѓани регистрирани во Австрија.

Со уредбата на Министерството се утврдени и низа исклучоци од задолжителната вакцинација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.