Дневниот број на заразени со Ковид-19 во Австралија во последното деноноќие паднал под 100.000, што е прв таков случај во псоледните пет дена. Официјалните лица веруваат дека бранот од омикрон сојот се приближува до својот врв во Нов Јужен Велс, најтешко погодената сојузна држава на континетот.
Австралиските власти во изминатите 24 часа регистрирале вкупно 85.824 нови случаи на зараза, што е значителен пад од рекордните повеќе од 150.000 во четвртокот, по што бројот на новозаразени почна да се намалува.
Здравствените власти вчера соопштија дека симулациите покажале дека Австралија се приближува кон врвот на бранот, предупредувајќи дека бројот на случаи ќе остане висок и во „следните неколку недели“.
Австралија претходно со строги карантини го ограничуваше ширењето на вирусот, а сега бележи рекордни бројки и има најголем број заразени во светот на дневна основа.
Годинава се регистрирани повеќе од 1,3 милиони случаи, додека во 2020 и 2021 година имаше вкупно 200.000 случаи.
Австралија почна да ги олеснува мерките кон крајот на минатата година, откако беше постигната стапка на вакцинација од 70-80 отсто.
Во Австралија, повеќе од 92 отсто од населението на возраст над 16 години имаат примено најмалку две дози од вакцините против корона вирусот.
Вкупниот број на заразени во Австралија од почетокот на пандемијата неделава надмина 1,5 милиона, додека досега од болест предизвикана од вирусот починале 2.673 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.