Вторпат во последните два дена е нападната турската воена база во Зликан, североисточно од ирачкиот град Мосул.

Три проектили паднаа во областа на турската база, североисточно од Мосул. Турската артилерија одговори со одмазднички оган – соопштува извор од ирачките безбедносни сили за новинската агенција „Шафак“.

Според безбедносниот извор, во ракетирањето нема повредени меѓу припадниците на турската војска, кои се стационирани во базата.

Првичните претпоставки се дека гранатирањето најверојатно било дело на курдски или исламистички радикали – додава изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.