Австралија ќе произведува ракети за САД, потврди австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс.
Тој најави дека тоа ќе ќе се случи откако Вашингтон ќе и помогне на Канбера да почне сопствено производство.
Се надеваме дека ќе имаме ракетно производство во Австралија во рок од две години како дел од колективната индустриска база меѓу нашите две земји“, изјави Марлс за новинарите по завршувањето на годишните билатерални министерски консултации со САД.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, на истата прес-конференција прецизираше дека станува збор за реактивни системи за повеќекратно ракетно лансирање наведувани проектили.
Нивното производство е планирано да почне до 2025 година, додаде Остин.
Прашањата како што се напредокот во договорот за продажба на американски нуклеарни подморници на Австралија, регионалната безбедност и чистата енергија беа, исто така, во центарот на овогодинешниот дијалог меѓу двата сојузници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.